Прво сослужување на МПЦ-ОА заедно со бугарската и руската црква во Ерусалим
Полека, но сигурно, МПЦ-Охридската Архиепископија чекори кон нејзино полноправно прифаќање во Православниот свет, практично демонстрирајќи го тоа преку заедничко сослужување со архиереи на помесните православни цркви. Посетата на Епископот Антаниски, г. Партениј на Ерусалимската Патријаршија беше добра можност за проширување на кругот сестрински православни цркви со кои се воспоставува канонско единство преку заедничкото сослужување, пишува Религија.мк.
Ноќеска во Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим, Владиката Партениј служеше Божествена литургија заедно со Архиепископот Јераполски г. Исидор – Игумен на Братството на Сесветиот Гроб, од Ерусалимската Патријаршија и со Митрополитот Неврокопски г. Серафим од Бугарската црква и Епископот Сердопски г. Митрофан од Московската Патријаршија. Тоа практично е прво сослужување на македонски аерхиереј со бугарски и руски владици, по одлуката на Вселенската Патријаршија да ја врати Охридската Архиепископија во канонско единство, и по одлуката на СПЦ да се согласи на автокефалност за МПЦ-ОА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…
Владиката Петар повеќе не е дел од…
МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…
ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…
Кога Господ Исус наврши триесет години од…
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…