Во пожарот на пазарот во близина на Париз нема жртви

t

Голем пожар избувна попладнево во магацинот на најголемиот пазар во околината на Париз, во Ренжис, јавија локалните медиуми наведувајќи дека нема жртви.

Пожарот избувнал во магацин на продавач на големо на овошје и зеленчук, во центарот на познатиот меѓународен пазар каде има 1.200 компании.

Пожарот, за кој сè уште не се знае што го предизвикало, ги зафатил дрвените палети, а потоа се проширил на целата магацинска зграда.

Пожарот го гаснат околу 30 противпожарни возила и 100 пожарникари, соопшти противпожарната служба и додаде дека огнот е ставен под контрола, нема жртви и нема опасност од ширење на пламените јазици.

Густ чад бил видлив на неколку километри, во јужната периферија на Париз, во близина на аеродромот Орли, како и во самиот главен град на Франција.

Локалната полиција соопшти дека истрагата за причините за пожарот е во тек, додека граѓаните и возачите се повикуваат да ја избегнуваат областа.

Пазарот во Ренжис е централен снабдувач на Париз и неговата околина и се смета за еден од најголемите пазари за земјоделски производи во светот.(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…