Зеленски: По референдумот НЕ СЕ МОЖНИ ПРЕГОВОРИ СО ПУТИН

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека по референдумот во областите на источна Украина веќе нема да бидат можни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Референдумот може да доведе до многу трагични ситуации. Луѓето кои нема да се појават на референдумот можат да останат без струја, бидејќи Русите може да им ја прекинат струјата и да им оневозможат нормален живот. Ги тераат луѓето да гласаат, ги фрлаат во зандани. Ги тераат да учествуваат на псевдореферендум“, изјави Зеленски за американската мрежа CBS.

Зеленски додава дека многу мал број луѓе од областите на истокот на Украина ги поддржуваат референдумите.

„Сепак, гледам нови закани кога ќе завршат референдумите. Веќе се подготвени ливчињата. Руската влада може официјално да прогласи дека референдумот е завршен и да ги објави резултатите. Но, после тоа ќе стане невозможно да се продолжат какви било дипломатски преговори со претседателот на Руската Федерација, а тој тоа многу добро го знае. Референдумот е многу опасен сигнал од Путин, кој ни кажува дека Путин нема да ја заврши војната“, додаде Зеленски.

Проруските сили организираат референдуми за приклучување кон Русија во самопрогласените републики Доњецк и Луганск, како и во областите Запорожје и Керсон, од 23 до 27 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

20 огласи за вработување во Министерство за…

Министерството за економија и труд има објавено…

Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Преспанското Езеро порибено со 500 илјади млади…

Преспанското Езеро е порибено со 500 илјади…

Брутално претепана малолетна девојка, партнерот ја удрил…

Малолетна девојка била физички нападната во централното…

ХАОС ВО КАЗИНО во Кисела Вода: Кршеле…

Две лица предизвикале инцидент во казино на…