Променливо облачно со повремено засилен ветер од јужен правец

t

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во вторник ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев демантира дека наредил бојкот: „Демон-христијани“ –…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ги демантира…

Благ пораст на цените на храната на…

Цените на храната благо пораснаа во април,…

Вечерва: „Тешки муабети“ со Димитар Апасиев

Не пропуштајте ги денешните „Тешки муабети“ заедно…

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…