Добро утро со Инфомакс: Колку сме, толку сме, токму сме

t

Љубовта кон татковината била неисцрпна инспирација за македонските поети, великани на македонската литература.

Меѓу нив несомнено, на највисоко место се наоѓа Гане Тодоровски, автор кој неизмерната љубов кон својата земја и народ ги искажува во неговата ненадминат поезија.

Колку сме, толку сме, токму сме, вели Тодоровски.

Добри утро Македонци, уживајте во „Нашинска“.

Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине –
Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –
Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до кај истрајвекот –
Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат
Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…