Кремљ: Нема одлука за прогласување воена состојба во Русија

t

Не се донесени одлуки за затворање на границите и воведување воена состојба во одредени региони на Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не знам ништо за тоа. Во овој момент не се донесени никакви одлуки“, рече Песков, одговарајќи на прашања дали ќе се воведе воена состојба во одредени погранични региони и дали таму ќе се затворат границите.

Указот на рускиот претседател од 21 септември најави делумна мобилизација во Русија. Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, ќе бидат повикани вкупно 300.000 резервисти, што е нешто повеќе од еден процент од вкупните резерви за мобилизација на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…