Турција испрати протестна нота поради распоредување на оружје од американско производство на грчките острови

t

Турција испрати протестна нота до Грција и САД во врска со грчкото распоредување на оружје од американско производство на два демилитаризирани острови во Егејското Море.

Грчкиот амбасадор во Анкара беше поканет во турското Министерство за надворешни работи, каде од него беше побарано Атина да престане да го нарушува статусот на островите во Егејското Море.

Грција го крши меѓународното право и испраќа оклопни возила на егејските острови кои имаат статус на демилитаризирани зони, јави агенцијата Анадолија.

На фотографиите што ги објавило турското Министерство за одбрана се забележува како десантни бродови на островите Лезбос и Самос доставуваат воени возила донирани од САД.

Според информациите кои Анадолија ги добила од безбедносни извори, беспилотни летала на Вооружените сили на Турција, кои изведувале летови во Егејското Море, откриле движење и регистрирале два грчки десантни брода на пат кон Лезбос и Самос.

Притоа е откриено дека бродовите на Лезбос, кој има демилитаризиран статус, испорачале 23 тактички оклопни возила, а на Самос 18 тактички оклопни возила. Станува збор за оклопни возила што САД ги испратиле во пристаништето Александруполис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во МВР возел без возачка и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…

Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…

Повеќе од два часа главниот град е…

Гори комбе во Кисела Вода во близина…

Гори комбе на улицата Ѓорѓи Сугаре, во…