Маричиќ “освестува”: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ закони
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за „Функционирање на демократските институции“, во своето воведно обраќање рече дека ова е област која е од суштинска важност за секое демократско општество и дека ќе бара максимална посветеност на реформската агенда која ќе помогне да се забрза напредокот во оваа важна област.
–Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива, туку и за промена на менталитетот и стилот на владеење. Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото, како и тоа да имаме независни и ефикасни институции кои го гарантираат истото, рече Маричиќ.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот и главен преговарач Маричиќ на состанокот истакна дека Македонија има постигнато огромен напредок во последните години, особено во однос на владеењето на правото и враќањето на демократијата со градење силни и функционални институции кои работат на принципите на отчетност, транспарентност и инклузивност, со што успешно одговорила на назадувањето кое е нотирано и во последниот Извештај на Европската комисија.
– Во изминатите неколку изборни циклуси, покажавме способност да организираме фер и конкурентни избори како што беше потврдено од ОБСЕ/ОДИХР. Во однос на изборната реформа беа направени неколку измени на Изборниот законик за да се адресираат препораките што чекаат од Извештаите за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, како и препораките и најдобрите практики на Венецијанската комисија, потенцираше Маричиќ додавајќи дека продолжувањето на изборната реформа е меѓу приоритетите како Влада, преку инклузивен и транспарентен да се донесе нов Изборен законик.
Вицепремиерот Маричиќ уште еднаш истакна пред претставниците на Европската комисија дека е важно во Македонија да имаме национален консензус за пристапниот процес и опозицијата да игра конструктивна улога во исполнувањето на нашата стратешка цел за полноправно членство.
-Собранието ја подобри својата улога како примарен форум за конструктивен политички дијалог. Сите партии придонесоа за два успешни рунди на дијалогот Жан Моне со Европскиот парламент. Оваа соработка е високо ценета како и континуираната поддршка на нашите напори за натамошно зајакнување на улогата на Парламентот. Со усвојувањето на преговарачката структура, предвидуваме клучна улога на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, во процесот на усвојување на усогласената легислатива и организирање дебати и консултации за реформите поврзани со ЕУ, посочи Маричиќ.
Денеска се одржа објаснувачкиот скриниг состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори – „Функционирање на демократските институции“, во рамки на кластерот „Темели“, која е основна вредност врз која функционира Европската Унија.
Утре ќе се одржи скрининг состанок за Поглавје 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…
Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…
Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…
Унгарија ја тужи ЕУ
Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…