Од 20.000 грла вечерва нека ечи МАКЕДОНИЈА!
Македонија сака, Македонија може, и да, Македонија треба да победи вечерва. Треба да им покаже на гостите како се игра фудбал, како се игра за својата Македонија и како се победува.
Елмас, Барди, Џани, Столе и останатите кои ќе истрчаат на теренот на Арената “Тодор Проески“ ќе ја имаа силната поддршка од трибините од каде што ќе ечи громогласно…МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, и тоа навивање нека се чуе до Софија.
Фудбалски Македонија е поквалитетна во моментов тука нема дилеми. Сепак против себе ќе има една младам разиграна Бугаријам ни налик на онаа од Разград пред 2-3 месеци. Оваа нова Бугарија го столчи Гибралтар, но Македонија поседува квалитет, ако одигра како што знае и треба, да слави вечерва победа и со три бода да ги заврши овие по малку чудни квалификации во Лигата на Нации.
Во изминатите денови се е кажано за овој натпревар, секако дека нема да го наречеме историски, иако тоа некој сакаше да го нарече. Иако некој почна со провокации.
Но, ако. Тоа е негов стил.
Македонија вечерва во еден спортски стил треба да покаже кој е кој. Да покаже дека ние сакаме победа и ќе одиме на победа.
Да покажеме величина, спортска, човечка, да покажеме дека и тоа како знаеме да играме фудбал.
Се разбира да победиме за себе, за нашата Македонија.
Овој меч треба да послужи како пример како една фудбалска нација игра и победува.
Да одиграме фраерски, да одиграме како што знаеме,да одиграме за себе, за својата душа.
Да одиграме за своето срце, СРЦЕ МАКЕДОНСКО.
Поддршката од трибините ќе дојде…од 20.000 грла ќе ечи…МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА.
Па така како и секогаш, и сега да го дадеме максимумот.
Ајде МАКЕДОНИЈО, напред МАКЕДОНИЈО, пишува СпортМедиа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…
Денес во Министерството за надворешни работи на…