(Видео) Без голови во првото полувреме: Македонија “брка” победа со играч помалку
Фудбалската репрезентација на Македонија игра без голови на полувремето против Бугарија (0-0), во мечот од последната рунда на Лигата на нациите. Иако добро тргнавме, Тодор Тодороски рано заработи црвен картон и ситуацијата на теренот се промени. До паузата изостанаа вистинските возбудувања на Арената „Тодор Проески“, па актерите останаа должни.
Предводникот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски од стартот тргна со офанзивни претензии. За тоа најдобро зборуваше поставеноста со тројца напаѓачи, Трајковски, Миовски и Ристовски. На средината се најдоа Елмас и Барди, Алиоски и Тодороски ги покриваа страничните места, а во дефанзивата од прва минута истрчаа Зајков, Муслиу и Бејтулаи.
Во одлична атмосфера, пред солидно пополнетите јужна и северна трибина на Арената, двете екипи започнаа отворено. Бугарите немаа што да чекаат и сакаа да нападнат, ама Македонија не дозволуваше премногу простор за такво нешто. Првите возбудувања се случија по 14 минути игра, а Македонија остана со десетмина. Тодор Тодороски невминателно стартуваше со отворен ѓон над противник и доби директен црвен картон. Иако ситуацијата се прегледуваше во ВАР собата, немаше промена на одлуката на судијата Вајнбергер. Поради ова исклучување, селекторот Милевски го повлече Александар Трајковски од теренот, а на негово место влезе Стефан Ашковски.
Македонија беше помалкубројна на теренот, меѓутоа и натаму играше добро, креираше напади и сакаше да дојде до водство. Првата сериозна закана по голот на Наумов ја имаше Милан Ристовски. Барди проби по левата страна и му додаде на младиот напаѓач, а овој биеше од околу 25 метри и изнуди голманска одбрана.
а спротивната страна по едно невнимание во шанса дојде Десподов, ама не беше спремен и не успеа да шутне. Темпото на игра по половина час опадна, Бугарите повеќе ја имаа топката, ама нашиот дефанзивен ред беше добро поставен.
Во продолжението треба да се очекуваат нови корекции во редовите на Македонија од страна на Милевски, со цел стабилизација на силите на теренот.
Извор: ГОЛ.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…