И покрај поразот Милевски смета дека сме на прав пат…

t

Македонија вечерва го загуби последниот натпреват во овогодинешната Лига на нации.

Македонските репрезентативци беа поразени на домашен терен со еден спрема нула, ацелито натпревар помина во тензична атмосфера.

Сепак селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, смета дека репрезентацијата е на прав пат.

„Тоа што го одигравме во квалификациите за СП и баражите е зад нас, но ни дава за право да кажеме дека сме на добар пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма. Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови. Без разлика на тоа со Грузија одигравме добар натпревар, морам да кажам и вечерва по се тоа што се случи момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна. Во овие момци има потенцијал.

Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во ЕВРО квалификациите. Мора да размислиме за тоа кој се ќе игра во следните пријателски натпревари кои што ни следат. “, рече Милевски на брифингот за новинарите по завршувањето на натпреварот.  

Милевски вели дека најголем проблем претставува тоа што голем дел од репрезентативците немаат минутажа во своите клубови.

„Фудбалерите се истите кои играа во топ лиги и со силна минутажа. Периодот изминат е таков каков што е. Што се вика до вчера некои играчи се со мала минутажа. Некои штотуку најдоа клуб, некои се уште се без клуб или што се вели вчера најдоа. Тоа е реалната ситуација и затоа нема што да им замерам на момците. Друго е да играш со репрезентации како Грузија и Бугарија, а друго е да дојдеш со 15 или 20 минути и да одиграш вака како што одиграа момците. Ќе ги анализираме моментите бидејќи повторно од наш корнер примаме гол. Тоа се моменти на деконцентрација и мислам дека се тоа доаѓа од физичка неподготвеност. Имаме време до март и имаме време да се надеваме дека момците ќе се наметнат во своите клубови“, вели Милевски. 

Селекторот на крај додаде дека нема да го коментира судењето на натпреварот, но според него црвениот картон бил престрого решение.

„Како се одвиваше натпреварот мораше да го заменам Трајковски. Како одигравме во продолжение во натпреварот заслуживме барем бод. Се што се случи по црвениот картон на Тодороски е оправдано. Нема да го коментирам судењето, но можам да ја коментирам ситуацијата. Мислам дека црвениот картон беше престрого даден и тоа е мое мислење“, заврши Милевски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…