САД има нова амбасадорка во Македонија: Ангела Агелер положи заклетва

t

На церемонија во Стејт департментот на САД, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија.

Амбасадорката Агелер е член од кариера на Високата служба за надворешни работи, а неодамна беше заменик-шеф на мисијата во Мисијата на САД во Пакистан. Таа служеше и како привремен вршител на должност.

Таа претходно служеше како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција, како дел од кариерата која вклучуваше и задачи во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, Добитник на наградата за извонредност на помошник секретар и Наградата Mildred Sinclaire за јазик, амбасадорката Агелер зборува македонски, француски и малку хинди, соопштија од амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3…

На граничниот премин Ќафасан, на албанско –…

Се откачи рингишпил на панаѓур во Србија-…

На панаѓур во Куршумлија излета дел од…

Врховната рада усвои предлог-закон за военото законодавство…

Парламентот на Украина усвои предлог-закон за продолжување…

Нови детали за малата Данка: На автомобилот…

Ниту на еден предмет запленет во текот…