Митовски: Мицкоски е западнат во многу лошо друштво, води оркестрирана кампања против Арсовска – ќе го дозакопате ВМРО
Од последниве неколку недели, и оркестрираната кампања која Христијан Мицкоски ја води против Арсовска, можам да донесам единствен заклучок – Мицкоски е западнат во многу лошо друштво.
Ороводци на јавниот дискурс на Мицкоски се луѓе кои имаат по неколку кривични пријави, осудителни пресуди. Луѓе поради кои се крена целокупната меѓународна заедница да го спасува ова општество од нивната пропаганда.
Луѓе кои слушавме како добиваат нарачки за прилози на вести. Луѓе поради кои страда целокупната новинарска фела.
Истите луѓе кои денес му се друштво на Мицкоски, му беа друштво и на Груевски во периодот пред неговиот пад.
Нивните “новинарски” подвизи го уништија ВМРО-ДПМНЕ. Сега повторно го закопуваат…
Јас во такво друштво немам намера да бидам. Уредувачката политика на медиумот кој го водам е анти-рекетарска и про-македонска, што пак е дијаметрално спротивно на оваа екипа околу Мицкоски, па и самиот тој.
Новинарството за мене е светост, за некои пак е можност за тендери, злоупотреба на европски пари, градење без дозвола, функција во странство…
Фејсбук статус на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пелагонија пет месеци без испитен центар…
Целиот Пелагониски регион пет месеци бил оставен…
Трајковски: Повеќе ништо не може да се…
За просечен жител на Македонија, кој живее…
ВМРО-вците од Вевчани во шок: Во Здравствениот…
ШОК во ЈЗУ Здравствен Дом "Д-р Светозар…
Исповед на вработен во РЕК: Ме бркаа…
ИСПОВЕД НА ВРАБОТЕН ВО РЕК: Пред десетина…
(Видео) Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче…
Уште една убава и емотивна вест одекна…