Пентагон ги повика Грција и Турција на дијалог и намалување на тензиите
Портпаролот на Пентагон Патрик Рајдер ги повика Турција и Грција на дијалог и додаде дека неговата земја нема никакви вежби во Егејското Море.
На прес-конференцијата тој ја коментираше протестната нота што Анкара ја испрати до Вашингтон во врска со оклопните возила од американско производство што Грција ги испрати на островите во Егејското Море.
Новинар од Анадолија побара коментар за протестната нота до Грција и САД откако оклопни возила беа испратени на двата острови кои имаат статус на демилитаризирани зони.
На прашањето дали САД имаат вежби или обука во таа област и каков е американскиот одговор на протестот на Турција, Рајдер рече дека нема информации дека САД одржуваат вежби таму.
– Општо земено, Турција и Грција се два важни партнери на НАТО и ги повикуваме да продолжат со конструктивен дијалог за да се намалат потенцијалните тензии, рече американскиот генерал.
Коментирајќи ги критиките на Анкара кон САД дека придонесуваат за тензиите, тој рече дека од перспектива на билатералните односи, Турција е исклучително важен партнер на НАТО.
– Ќе продолжиме тесно да соработуваме со партнерите во НАТО, вклучително и Турција, рече Рајдер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…
Два сребрени и еден бронзен медал за…
Борачите ги донесоа првите (три медали) за…