Камион излетал од коловоз и се запалил, возачот со тешки повреди

t

Возач на камион завршил со тешки повреди откако излетал од патот Гостивар-Кичево.

Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Евроазискиот економски сојуз динамично се развива

Евроазиската економска унија се покажа како еден…

СДСМ: Неколку милиони евра е направен грабеж…

Тоа е уште една измама. Нашиот народ…

Руте: Зеленски неправедно го критикува Шолц

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави…

Трамп најавува крај на трансродовите политики

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Ердоган повторно повика на нов устав

ја, туку неопходност што е одамна задоцнета,…