СТАТИСТИЧКА СЛУЖБА НА РУСИЈА: Производството на гас зголемено за 59 отсто! Во количина, тоа е 2,4 трилиони тони
Во август годинава производството на течен природен гас (ТНГ) во Русија се зголеми за 59 отсто на годишно ниво, што изнесува 2,4 милиони тони, објави денеска Федералната статистичка служба на Русија.
Производството на течен природен гас за осум месеци изнесува 21,6 милиони тони, што е за 13,5 отсто повеќе во однос на истиот период од 2021 година, се наведува во извештајот на статистичката служба, во кој се додава дека во јули годинава, производството на течен природен гас се зголеми за 2,9 отсто, пренесува Спутник.
Во јули и август 2021 година, фабриката за производство на течен природен гас „Сахалин 2“ целосно го прекина производството поради голем планиран ремонт, што овозможи да се работи со поголема продуктивност оваа година.
Во Русија големи количини течен природен гас произведуваат фабриките „Сахалин 2“ и „Џамал ТПГ“.
Kurir.rs/Fonet
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО КАЗИНО во Кисела Вода: Кршеле…
Две лица предизвикале инцидент во казино на…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Западнонилскиот вирус ја однесе десеттата жртва, почина…
70-годишен маж викендов починал од западнонилска треска…
Хаменеи: „Непријателските сили“ ќе бидат протерани од…
Иранските сили ги потиснале „непријателските сили“ од…
Калас: Русија планира нови саботажи и напади…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…