Објавено на:

Никарагва ја прогласи за „персона нон грата“ амбасадорката на ЕУ

t

Министерот за надворешни работи на Никарагва, Денис Монкада, официјално ја известил амбасадорката на Европска Унија во Манагва, Бетина Мускејт, за нејзиното протерување од земјата, изјави неименуван дипломатски извор.

Мускејт ја презеде функцијата во Манагва во октомври 2021 година.

Според никарагванските медиуми, официјална Манагва е лута поради изјавата на претставникот на ЕУ во Советот за човекови права во Женева, кој побара од Владата на Никарагва да ја „врати“ демократијата.

Тоа од властите на Никарагва беше протолкувано како „мешање (на ЕУ) и непочитување на националниот суверенитет“.

Протерувањето на амбасадорката на ЕУ доаѓа седум месеци по протерувањето на апостолскиот нунциј Валдемар Сомертаг.

ЕУ и САД пред четири години воведоа серија санкции за Никарагва и владини претставници поради кршење на човековите права.

Претседателот на Никарагва Даниел Ортега и неговата сопруга и потпретседателката Росарио Мурило го обвинуваат Вашингтон дека подготвува државен удар во Никарагва со помош на Католичката црква.

Ортега вчера ја нарече Католичката црква „совршена диктатура и совршена тиранија“, две недели откако папата Франциск наведе дека „има дијалог“ со Манагва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…