Им забранија да купуваат дијаманти: Советот на ЕУ одобри осми пакет санкции за Русија

t

Советот на ЕУ усвои нови мерки против Русија со цел заострување на постоечките економски санкции, подобрување на нивната примена и ефикасност.

Новиот, осми пакет санкции вклучува додавање на уште 1.300 физички и правни лица на списокот на санкционирани лица, опсежна забрана за увоз, што ќе ја лиши Русија од приход од 7 милијарди евра, како и забрана за извоз на неколку клучни технологии за Русија (авијација, хемиски супстанции, електроника).

Забрана на претставниците на ЕУ да седат во раководните тела, заострување на спроведувањето на санкциите и рамка за ограничување на цената на нафтата.

„Воведуваме нова категорија, во која ќе можеме да ставиме поединци на списокот доколку ги заобиколат санкциите. На пример, ако купат стоки во Европската унија, ги донесат во трета земја, а потоа во Русија, тоа ќе биде заобиколување на санкциите и тие лица може да бидат на санкционираната листа. Мислам дека тоа ќе има големо одвраќање“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лејен.

Таа посочи дека сегашните санкции на ЕУ силно го погодија режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Тие му го отежнаа финансирањето на војната и сега ги интензивираме нашите напори во таа насока“, рече Фон дер Лејен.

Според новиот пакет санкции предложен од Урсула фон дер Лајен, кој мора да го одобрат 27-те земји членки на ЕУ, на листата на санкции ќе се додадат некои поединци и организации, како и некои ограничувања за трговијата и увозот на нафта: де – SWIFTing Газпромбанк, забрана на дијаманти, забрана за продажба на недвижен имот во ЕУ на која било националност/ентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…