Бектеши: Ако потпишеме договор со Србија гасот ќе биде три-четири пати поевтин од берзанскиот
Доколку се потпише договорот со Србија, „ќе купуваме гас најмалку три до четири пати пониски од цените на берзата“, објасни вчера вечер министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој објасни дека Македонија за купување гас преговара со „Србијагас“, а не со „Газпром“ и прецизира дека во случај да се постигне договор, Македонија во замена за тој поевтин гас ќе ја снабдува Србија со струја по поволни поволни цени.
„Договорот за снабдување со природен гас е со српската страна, а како ќе се спроведе технички е нивна работа. Работата на нашата држава е да обезбеди правно-технички услови, соодветни прописи“, рече Бектеши.
Според министерот, сега не зборуваме за количината и обезбедувањето суровини, туку за цената, за тоа колку ќе ги чини македонските граѓани снабдувањето со природен гас.
„Преговорите се во тек и се при крај. Дадовме понуда, стручните тимови работат на изнаоѓање решение за да се сретнеме со Србија за струја, а тие за природен гас“, рече Бектеши.
За забелешките на дел од експертите дека „Газпром“ не дозволува препродажба на гасот купен од таа компанија, Бектеши рече дека тој не треба да го чита договорот меѓу Србија и „Газпром“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…