Арсовска: Прашајте како Перински за 2 месеци спопикал 120 луѓе во Водовод без јавен оглас

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска посочи дека советниците не треба да ја блокираат работата на ЈП “Водовод и канализација” и дека треба да го постават прашањето како поранешниот директор Перински вработил 120 луѓе за два месеци без јавен оглас.

– Многу е чудно како никој од вас не праша како успеал овој вашиов директор на јавно претпријатие успеал да вработи над 120 луѓе за два месеци, а сега на овој новиов којшто притоа исто така можеби е ваш поддржувач, прејдуицирате дека во иднина ќе направи нешто и затоа на поддржувате работа на јавно претпријатие и на тоа што е негова програма.

Немојте потоа да барате овој човек тука да дава резултати ако не му дозволувате да работи како што треба. Ќе барате одогворност ак тој вработи над 100 лица за два месеци како што претходно вработил овој претходниот што го фативме со рачето во медот.

Тогаш се бара одговорност, не се прејудицира. Зошто не прашате како успеал, кај ги најде бе овие 120 луѓе да ги вработи за два месеци? Како ги најде? Јавен конкурс објави? Каде ги бараше? Погрешни прашања се поставуваат, погрешни констатации се даваат. Не можете некој којшто сега отпочнал и ќе треба да продуцира во наредните 6 месеци резултати, вие сега да ог осудувате за нешто што можеби ќе го направи, а можеби и не, во насока на тоа да обезбеди подобра раота на тоа претпријатие.

Ако тој најде професионални луѓе со кои ќе работи, ако има пензионирани лица за кои смета дека треба да ги замени со професионален кадар, ќе ги замени со професионален кадар.

Меѓутоа прашање е како некој успеал да стави над 100 лица во ЈП “Водовод и канализација” без никаков критериум, без никаков критериум за сега вие да кажувате дека некој ги брка од работа. Никој не ги брка од работа, тој што ги спопикал 120 луѓе не им обезбедил решенија за работа знаете зошто? Затоа што за решение за работа ќе треба јавен оглас да пуштите и да биде транспарентна постапката.

А он си ги собрал по месни комитети си ги ставил да зимаат пари неброени таму и никого не известил за истоот. И тоа не е прашање, тоа не е тема, тма е што ќе биде 2023 година. Пред граѓаните тука одговарате, зошто едно прашање за тоа не поставивте? – вели Арсовска која додаде дека Славевски како што проверил дали Перински е пчелар требало да провери дека таа, за разлика од шпицниот градоначалник не е хаус мајстор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…