Добра вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

t

Од направени 735 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19, од кои 22 се реинфекции, оздравени се 49 пациенти, починати нема, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

По градови од новите случаи во Скопје има 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има: во Скопје 312, во Куманово 21 и во Битола 30. Нема активни случаи во Кочани, Струга, Свети Николе, Делчево, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…