Кривопаланчанец завршил зад решетки, се претставувал како припадник на МВР и ветувал возачка дозвола без полагање
На 28.09.2022 во 09.25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров, Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Крива Паланка, со престој во Скопје.
Тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврата му земал вкупно 1782 евра.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување…
Во врска со објавите во повеќе медиуми…
Екипи од рано утринава на терен во…
Рано утринава е извршен детален увид на…
Европските берзи во минус: Падот на цената…
Европските индекси денес се претежно во минус,…
Во кампот за мигранти на север во…
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во…
Ако одите во Грција погледнете го распоредот:…
Возачите од Македонија кои вечерва патуваат кон…