Трајановски до советниците од ВМРО-ДПМНЕ: Каде што имате ваши директори гласате ЗА, каде што нема против – Тоа е дволичност

t

Советникот во Советот на Град Скопје, од редовите на ГРОМ, Александар Трајановски, реагираше на, како што вели тој, дволичното однесување на советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– За разлика од прано каде што имаше смао аудио снимки, сега имате и видео, за да бидете целосно транспарентни пред јавноста кога кажувате дека ја поддржувате програмата “За модерно Скопје” можеби е подобро камерата да седи од оваа страна, за да се види како гласате.

Не можете едно да зборувате од место, поинаку да гласате, а да искачате во јавност и да кажувате декларативно дека нешто поддржувате, а уствари го саботирате.

Тоа е дволичност, прво спрема довербата која ви ја даваат граѓаните вас, а и мене. Затоа јас сум останал конзистентен во моите ставови откако станав советник па до денес и не зборам само за овој мандат. Зборувам за 4 години. Што се однесува за во иднина, претседателе, треба да знаете дека кога некој зборува, вториот советник кога ќе му се обрати на него, валда имам право на реплика. Ако јас сум се пронашил во неговите зборови, веројатно ми с еобратил.

Колегите, останатите и медиумите можат тоа да го утврдат подоцна и да видат дали некој мене ме спомнал и дали имам право на реплика, рече Трајановски.

Тој посочи дека вече неколку седници по ред има сериозни прекршувања на Деловникот за работа на Советот на Град Скопје и побара да се подигне стандардот на дебатата на ниво коешто го заслужуваат скопјани.

– Сметам дека овие неколку седници имате сериозно погазување на Деловникот за работа на Советот. И минатото обраќање, односно претходното Ви кажав, подигнете го нивото затоа што Градот Скопје и граѓаните не го заслужуваат ова.

Во моето обраќање никаде не кажав дека ова н е е добро, кажав дека е искрена намера на сите советници, но системски јавниот превоз во Град Скопоје не е изменет од 89-та година навака. Има мали измени, од кога градот бил 200.000 жители, истата маржува се возии сега на 760.000 жители.

Не можеме ние како советници со две кафиња и средби со граѓани од маала и атари да одлучиме или да придонесеме да кажеме дека до таму мора да иде автобус. Точно е дека тие граѓани мора да се движат, да бидат уклучени во сообраќајот, да можат непрелчено да функционираат и да идат на работа. Јас ви кажав исто имам три такви иницијативи од граѓани но постои поинаков начин како сите овие засегнати институции и граѓани да ги инволвирате во процесот за да се најде решение, рече Трајановски.

Советникот додаде дека советниците гласаат за извештаите во училиштата каде имаат директори, додека за сите останати се против.

– Збориме за ефективно решение во интерес на граѓаните, претходната точка гласаме програми за училишта. Таму каде што имате ваши директори гласате ЗА, таму кадешто немате гласате против. Таму кадешто имате советници вработени во тие училишта гласаат со две раце, каде што немате не гласаат.

Во сите средни училишта учат деца.

Следната точка што ја гласаме е за партерно уредување во Шуто Оризари. Значи добро е да има мега парк во Ѓорче, добро е да се прави партерно уредување во Бутел, ама не е добро во Шуто Оризари.

Затоа камерата треба да стои одовде, за да се види на почеток како зборувате, а на крај како гласате, вели Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…