Има меѓучовечки односи кои не се добри, но не во целина, туку се одредени луѓе, вели Ахмети

t

Има меѓучовечки односи кои не се добри, но не во целина, туку се одредени луѓе.

Овие работи треба да се поправат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со членовите на партиските ограноци од Чаир и Сарај, кои пред неколку дена преку писмо обвинуваа дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, станало индивидуално.

– Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, органоците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија, изјави Ахмети.

Според него, средбите се конструктивни и треба да постои дебата. Денешната средба со ограноците од Сарај и Чаир поминала добро и посочи дека ништо не е непоправливо.

– Меѓучовечките односи се над се. Функциите доаѓаат и си одат, но човештвото останува. И во семејството имате кавги и никој не може да каже дека има идеални односи, но може да се случат и несогласувања. Но, да најдеме енергија да ги надминеме овие несогласувања бидејќи ни претстојат големи цели, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Престрелка среде Солун- тројца од возило во…

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој…

Џафери: Ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците…

Кандидатот за пратеник во шестата изборна единица…

(Видео) Светна Благотаниот оган во храмот на…

Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети излезе од Едикулата…

Скопјанец со пиштол се заканувал поради долг

На 02.05.2024 во 17:25 часот во СВР…

Кичево: Украден банер со рекламен материјал на…

На 03.05.2024 година во 23.20 часот, во…