Со средно медицинско: Поранешната градоначалничка на Арачиново стана инспектор во Царина
Поранешната градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ, Миликија Халими се вработила во Царинската управа како инспектор во Сектор за контрола и истраги, потврдуваат од Царинската управа за „Фокус“.
Халими е вработена на определено време, а на работното место е со средно образование.
-Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, велат од Царина за „Фокус“.
На социјалните мрежи беше објавена слика од објавата на Миликија на Фејсбук во која и самата објавува дека се врботила во Царинската управа, но таа објава веќе е избришана.
Халими има завршено средно образование во Медицинскиот центар во Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кампот за мигранти на север во…
Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во…
Ако одите во Грција погледнете го распоредот:…
Возачите од Македонија кои вечерва патуваат кон…
(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв…
Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби…
(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…
Во масовен бран напади со украински беспилотни…
Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…