(Видео) ХАОС во Маврово Ростуше: ПУКНА ДОВОДЕН ЦЕВКОВОД НА ХЕЦ “ВРБЕН”

t

Вистински хаос се случува утрово во Маврово Ростуше.

Имено според информациите до кои дојде “Курир” утрово пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово Ростуше, а истиот е во надлежност на ЕСМ (ЕЛЕМ).

Инаку Хидроелектричната централа Врбен е сместена во близина на селото Врбен и е дел од ХС Маврово, заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен.

ХЕЦ Врбен е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и истата претставува проточна хидроелектрана.

Таа има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мештаните од Врбен ќе дежураат за да…

Заканата од проширување на пожарот кој утрово…

(Видео) Пожарот кај Врбен е на 500…

До сега во текот на денешниот ден…