Ердоган тужи германски политичар: Го нарекол “канализациски стаорец”
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе кривична пријава против германскиот политичар Волфганг Кубицки, кој го нарече „канализациски стаорец“.
Адвокатот Мустафа Каплан изјави за ДПА дека поднел кривична пријава во име на Ердоган до Државното обвинителство во Хилдесхајм за навреда и клевета.
Кубицки, политичар од Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“ додека ја коментираше имиграциската политика на турскиот лидер.
На прашање на ДПА, заменик-претседателот на партијата рече дека не е загрижен за можен правен спор со Ердоган.
„Во секој случај, мирно чекам евентуален правен спор“, додаде Кубицки.
Анкара веќе го повика германскиот амбасадор поради изјавата на Волфганг Кубицки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…
Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција
Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…
Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…
Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…