Левица: ДЕМИРХИСАРЦИ ВО НОВАТА ГРЕЈНА СЕЗОНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ДРВО ЗА ОГРЕВ
До нас стигнуваат поплаки од грѓани на Општина Демир Хисар кои и покрај целосната уплата за огревно дрво, тие сеуште не ги добиле истити на помалку од месец дена од стартот на грејната сезона. Она што ние го дознаваме
а во општината има статус на “јавна тајна”, е тоа дека мафијата со огревно дрво профитира милиони евра врз грбот на граѓаните и на огромна штета врз шумите во Демир Хисар кои ги има во се помал процент.
Имено, огревното дрво за кое граѓаните плаќаат и над 3.000 денари за метар кубен преку Пензионерското Здружение па и директоно преку ЈП Македонски Шуми – Подружница “Бигла” Демир Хисар, завршува во други градови како Велес, Скопје и Битола за многу повисока цена, а со таквиот исход, поедини лица кои ја управуваат ова институција, наводно се стекнуваат со голема количина парични средства.
Според информациите кои пристигаат до нас, 1.500 кубни метри кои чекаат за испоракаа, сеуште не се пресечени. Подружницата од Демир Хисар која важеше за една од најдобрите на ова јавно претрпијатие во нашата држава, изминативе години стана крупен бизнис интерес на неколку партиски локални шерифи кои ја злоупотребуваат функцијата за свој личен финансиски бенефит.
За апсурдот да биде уште поголем, директорот на ЈП Македонски Шуми – Подружница “Бигла” Демир Хисар, воедно и претседател на СДС Демир Хисар – Илче Тренчевски, започна приватен бизнис со вработени лица за производство на пелети за огрев а дрвата со кои ги произведува истите се “донација” од Јавното Претпријатие во кое тој директорува. Вработени во ЈП Македонски Шуми Подружница “Бигла” Демир Хисар кои имаат престап до финансиските извештаи и документација за продажба на дрво, низ демирхисарската јавност шират информации дека за дрвата кои директорот ги “пери” во пелети, нема апсолутно никаква документација!
Прашуваме: Дали Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Ljupcho Nikolovski и Директорот на ЈП “Национални шуми” – Valentin Gruevski , се запознати со ова ситуација?
‼️Од Министерот и Директорот бараме итна реакција со разрешување и санкција на раководните лица во Подружницата и брзо решавање на проблемот со снабдување на дрво за огрев!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…