(Видео) Гувернерот на Доњецк: Шансите Русија да изврши нуклеарен напад може да бидaт поголеми по анексијата на украинските територии
Шансите Русија да изврши нуклеарен напад може да се зголеми кога рускиот лидер Владимир Путин ќе прогласи четири украински региони за руски. Украина мора да биде подготвена, изјави гувернерот на Доњецк Павло Кириленко.
Како што истакна, прибегнувањето кон нуклеарната опција „би ја фрлило Русија во бездна“ пред Москва воопшто да реагира.
– Постои и закана од хемиско и друго забрането оружје за масовно уништување, додаде Кириленко, говорејќи за Скај њуз за петдневното гласање на лажни референдуми за тоа дали да се окупираат источните региони на Украина и да се приклучат на Русија.
Се очекува дека резултатите, кои нема да бидат меѓународно признати, ќе ја откријат победата на поборниците за припојување на украинските територии кон Русија.
Кириленко наведува дека овој потег нема да промени ништо за Украина и дека земјата има намера да се бори за враќање на нејзините територии.
– Постои и закана од хемиско и друго забрането оружје за масовно уништување. Долго време се прават напори за евакуација на луѓето за да се намали изложеноста на такви закани. Украина, исто така, ја зајакнува својата одбрана во Доњецк за да го спречи рускиот напредок и контранапади за повторно преземање на територијата контролирана од Русија, изјави украинскиот гувернер.
Kurir.rs/Skaj njuz/Index.hr
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…