И САД ја пуштија низ вода: Сега не е најдобро време за прием на Украина во НАТО
Процедурата за прием на Украина во НАТО сега е ненавремена, не е време за прием на државата во НАТО, изјави Џејк Саливан, помошник за национална безбедност на претседателот на САД.
Претходно во петокот, Володимир Зеленски рече дека Киев, како одговор на пристапот кон Русија на ДНР, ЛНР, како и на регионите Керсон и Запорожје, аплицирал за забрзан прием во НАТО.
„Сега, според наше мислење, најдобриот начин за поддршка на Украина е практичната поддршка „на терен“, а процесот во Брисел треба да се преземе во некое друго време“, изјави Саливан за новинарите.
Истовремено, тој нагласи дека САД не одбиваат да ја поддржат политиката на „отворени врати“ за НАТО. „Сите одлуки за пристапување мора да се донесат меѓу 30-те земји-членки и држави кои сакаат да се приклучат“, рече Саливан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…