Арсовска: Ако Мицкоски се бореше против криминалот требаше тој да ги повика институциите да постапат во случајот со Перински

t

Градоначалничката Данела Арсовска во своето гостување во Канал 77 посочи дека ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е силен застапник на борбата со криминалот и корупцијата требаше лично да ги повика институциите да постапат по разрешување на директорот на Водовод, Златко Перински.

-Сметам дека некој каде што има основани сомненија дека работел спротивно на законот требаше Мицкоски доколку беше силен застапник на она што е борба против корупција и криминал да излезе и да рече да постапуваат институциите, а ние да продолжиме со соработката. А не толку силно да го брани овој човек, вели таа.

За Арсовска во случајот со пречистетлната станица на реката Вардар и е нејасно како е можно Мицкоски да имал повеќе информации за тендерската постапка од надлежните во Градот Скопје.

-Meне не ми е јасно како еден човек да вели дека ова е доверлива постапка, а од друга страна Мицкоски да има детални информации за сето она кое што се случувало таму, за пак градот, градоначалникот, луѓето од кабинетот кои би требало да ги имаат овие информации да ги немаат, посочува Арсовска.

Таа уште еднаш истакна дека надлежните институции ја истражуваат тендерската постапка во ЈП Водовод и канализации

-Во Водовод се влезени надлежните институции, Финансовата полиција, министерството за внатрешни работи и ОЈО ГОК си постапуваат треба да се остави на нив, заврши градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По секоја пријава за семејно насилство, МВР…

Побрза реакција на институциите, навремена заштита на…

Арсовска се пожали дека Ганиу ѝ поднел…

Поранешниот градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу…

Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче…

Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие…

Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…

НАТО активираше борбени авиони како одговор на…

Познатиот доктор го даде рецептот за долг…

Умерениот внес на витамини може да помогне…