Груби: Ахмети е непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција

t

На вицепремиерот Артан Груби му било криво за изјавата дека на Али Ахмети не му треба народот, туку на народот му треба на Ахмети. Тој вели дека тпоа било несреќна изјава. Но Груби не се штеди на пофалби за неговиот партиски лидер.

Мојот однос со претседателот Али Ахмети е како односот на сите вас кои сте убедени во неговиот животен пат, неговата правда, неговата визија, неговата национална вредност за сите Албанци. Искрената намера на мојата изјава беше да ја истакнам неоспорната вистина дека на Али Ахмети му е потребен народот, колку што му треба на народот Али Ахмети, но една несреќна мешаница на моите зборови погрешно ја претстави намерата, за што, ми е криво, вели тој.

Груби посочува дека Ахмети ја добил моќта за дејствување од народот и го има народот зад себе во текот на целото негово политичко работење.

Тој продолжува да биде непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција. Тоа се докажа во сите прогресивни процеси низ кои мина државата, каде што Ахмети и луѓето зад него постигнаа слобода, еднаквост, обезбедија интеграција на земјата во НАТО и ги задржаа вистинските колосеци на евроинтеграциите. Неговата и наша единствена мисија е да им служиме на луѓето и да обезбедиме подобра иднина со тоа што ќе ви служиме на сите вас, напиша Груби за Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По секоја пријава за семејно насилство, МВР…

Побрза реакција на институциите, навремена заштита на…

Арсовска се пожали дека Ганиу ѝ поднел…

Поранешниот градоначалник на Општина Чаир Висар Ганиу…

Приведени две малолетнички во Центар, нападнале девојче…

Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие…

Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…

НАТО активираше борбени авиони како одговор на…

Познатиот доктор го даде рецептот за долг…

Умерениот внес на витамини може да помогне…