Вучиќ: Србија не воведува санкции кон Русија
Србија нема да и воведе санкции на Русија, бидејќи се бори за својата политика каде што може, а политика на Белград е дефинирана со заклучокот на Советот за национална безбедност, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ во изјава за медиумите по церемонијата за отворањето на новиот интерконектор меѓу Бугарија и Грција во Софија, јави дописиникот на МИА од Белград.
Вучиќ додаде дека Србија ќе биде под уште поголем притисок по новите случувања на геополитичката сцена и посочи дека до сега Србија секогаш и во најмала криза го извлекувала подебелиот крај и дека сега во најголемата криза треба да се обиде да се спаси.
Тој на констатацијата дека Украина бара што поскоро прием во НАТО, дека Русија ги анектирала украинските територии и на прашањето какви последици ова ќе има за Белград, оцени дека тие на Србија ќе и бидат тешки.
Тој посочи дека во Србија постои навивачки дискурс во кој 80 отсто од луѓето навиваат за руската страна, а 20 отсто се за украинската страна, а има и 10 отсто од оние кои гледаат како Србија треба да се однесува за да опстане.
-Оние кои навиваат ќе ви кажат дека ги штитат српските интереси, но само ако се грижите за Србија, а не за некој друг, ги штитите интересите на Србија, нагласи тој.
Вучиќ додаде дека некои рекле дека Европскиот парламент ќе донесе одлука за прекин на преговорите со Србија поради санкциите, некои дека нема да има напредок и додаде дека ако тоа не е притисок, тогаш тој не знае што е.
-Останува уште некој да ни ја стави главата на трупецот, па да кажат сега ќе земеме и секира, иронично забележа Вучиќ.
Вучиќ одгаварајќи на новинарски прашања, му порача на германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин дека „нема да има независно Косово“ онака како што планира Берлин.
Претходно, германскиот дипломат изјави дека во врска со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово, нема да се дозволи создавање на „нова Република Српска“.
-Не знаев дека за тоа одлучуваат Германците, добро е што господинот Сарацин јавно го кажа тоа. Можам да му кажам, а многу го ценам, да нема ни да има независно Косово како што планирате, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…
Екс командант на ОВК со директна закана:…
Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати…