Бренд концепти(3.1) Харли Дејвидсон – искуство што ве води во слобода
Најпрвин, сосема накратко, како е создаден култниот бренд Харли Дејвидсон, од Вилијам Харли и Артур Дејвидсон. Вилијам Харли имал само 21 година кога на почетокот на минатиот век, во 1900 година го направил првиот мотор со внатрешно согорување доволно мал да може да се монтира на возило со 2 тркала. На оваа идеја се придружува Артур Дејвидсон, а потоа и неговиот брат Волтер. Во една гаража во Милвоки во 1903 година се раѓа брендот Харли Дејвидсон, бренд кој ќе стане славен по големите црни и бучни моторцикли правени за долги патувања по Американските патишта. Вљубениците и обожавателите на моторите Харли Дејвидсон со тек на времето ќе развијат цела една Харли субкултура. Токму оваа субкултуре го одржа брендод повеќе од 100 години пребродувајќи ги сите кризи, вклучително и агресивната конкуранција на јапонските компании како Јамаха, Хонда и Сузуки.
Зошто моторите Харли Дејвидсон се најдобри?
Затоа што тие се токму такви какви што ‘’нормалните’’ купувачи не сакаат: бучни се, многу трошат и што не е за потценување не се така евтини. Без разлика на се припадниците на Харли заедницата ги купуваат и понатаму со голема љубов. Постојат листи на чекање за купување на мотори Харли Дејвидсон за кои, тие што ги виделе, го шират митот дека се подолги и од поранешните листи на чекање за купување на поранешниот германски трабант и на руската Лада во најдобрите комунистички времиња. Доколку навистина сакаме да ја сфатиме важноста на разбирањето на однесувањето на купувачите, тогаш мораме да го претставиме и елаборираме феноменот на Харли Дејвидсон. Знаеме, тоа е производителот на најдобро продаваните мотори “Харли“. Кога зборуваме за брендот Харли Дејвидсон, прашањата се поставуваат сами од себе.
Кој се ги вози моторите “Харли“?
Кој е и каков е предизвикот на љубителите на “Харли“ да го тетовираат брендот на своите тела?
Каков е тој предизвик истите тие обожаватели на “Харли“ да ги напуштаат домовите и огништата и да ги заменат со авантура, слобода, отворен пат и дружба со стотици илјади истомисленици и сопственици на “Харли“?
Веднаш треба да се напомне дека ретки се брендовите кои создаваат толку силна лојалност како онаа што се наоѓа во срцата на сопствениците на Харли Дејвидсон. Тоа е така затоа што тие кога купуваат Харли мотор, всушност купуваат многу повеќе од квалитетен мотор и добра зделка. Всушност тие кога го управуваат својот Харли се чувствуваат независни, слободни и поради тие две чувства се моќни, а мора да признаеме тоа се универзални привлечности кои може да ги предизвика само Харли.
Очигледно е дека Харли е многу повеќе од машина. Овој бренд е основата на самоизразувањето и стилот на живот на тие што го поседуваат. Аналитичарите на брендот Харли велат дека Харли ве прави да сте најсуровиот, најлошиот фраер во маалото. Во тој контекст не е важно дали сте стоматолог, директор или сметководител. Сите тие расчекорени врз таа моќна машина се чувствуваат моќни и силни. Сите што барем еднаш возеле мотор Харли велат дека тој има моќ да Ви го подмладува духот и да Ви ја овозможува толку посакуваната независност.
Сите се согласуваат дека притискањето на стартното копче на моторот Харли Дејвидсон, прави многу повеќе од едноставното палење на моторот. Тоа притискање всушност ја пали и Вашата фантазија. Ете зошто Харли продавајќи мотори, всушност продава посакуван сон. Класичниот стабилен изглед како јавач на Харли мотор, грлениот звук, самата идеа за Харли – сето тоа придонесува за неговата мистика. Поседувањето на оваа американска легенда, прави да сте дел од нешто поголемо. Тоа нешто всушност е чувството дека сте признат и рамноправен член на семејстрвото Харли. Се на се малку брендови создале толку интензивна лојалност како таа во срцето на сопствениците на Харли Дејвидсон.
Веднаш прашуваме зошто е така?
Затоа што трговците на компанијата поминуваат многу време размислувајќи за сопствениците на Харли Дејвидсон. Тие сакаат да знаат, кои се нивните сопственици, како размислуваат, како се чувствуваат и зошто купуваат мотори Харли. Тоа внимание за деталите и таквиот фокус кон муштериите му помогнал на брендот да стане вредна компанија од повеќе милијарди долари. Брендот има повеќе од еден милион членови на групи на сопственици на Харли (Harley Owners Groups – HOG) и 1.200 застапништва ширум светот. Харли дефинитивно продава многу повеќе од мотори. Како што спомнав, компанијата продава чувство на независност и слобода кои го поттикнуваат и издигнуваат индивидуализмот. Со цел да го поддржи тој и таков стил на живот, Харли Дејвидсон нуди облека и модни додатоци, како за возачите така и за сите оние кои сакаат да се поврзат со овој бренд. Харли не застанува овде. Тој го проширува бренд искуството со понуда на патувачки авантури, како што се патувањето во Милвоки и посетата на фабриката во родниот град на компанијата, како и патувањата во Лас Вегас кои по правило секогаш се претвараат “автентична Харли Дејвидсон авантура“. Се гледа дека овој бренд ги спонзорира клубските маркетинг програми кој им нуди на своите членови специјализирани придобивки така што креираат “заедници на членови и сопственици“. Харли ја спонзорира оваа група која на возачите им нуди “организиран начин да ја споделат својата страст и да ја покажат својата гордост“. Да не ги заборавиме и магазините Hog Tales и Enthusiast.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Преподобната маченичка Параскева
Родена е во Рим од родители христијани.…
Метео: Сончево и топло со температури до…
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…