(Фото) Арсовска: За поголема безбедност во сообраќајот продолжува акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација
Продолжува акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во ноќните часови, кога има намалена фрекфенција на возила, информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вечерва на Фејсбук.
– Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици се обновува и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици се поправени, а каде што има потреба поставени се нови сообраќајни знаци.

Според однапред утврдена динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација на сите сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…