Јовановски за отварањето на новиот бугарски центар “Цар Борис III”: Абе гниди, вошки квислиншки, душегубници низаедни…

t

На 7 октомври во Охрид свечено ќе се отвори новиот бугарски културен центар што го носи името на нацистот Цар Борис III.
На социјалните мрежи има бурни реакции за никнувањето на нов бугарски центар токму во Охрид, а реагира и актерот Владо Јовановски, кој беше еден од водачите на движењето За Заедничка Македонија.

Абе гниди едни, / вошки квислиншки – петоколонашки.
Ако некои посакаат да формираат културен центар,
“Цар Адолф Хитлер први”, ќе им дозволители да го легализираат или не?
И зошто не?
Душегубници едни низаедни!
Овците цел живот се плашат да не бидат изедени од волците, а на крајот, пастирот ги коле и ги јаде!
Или ги продава…
Кога пастирот е “заминат”, со умот, тогаш кучињата прават “дил” со волците и заедно, во чопор го растргаат стадото!
А тоа што ќе остане како мрша, орлите го чистат.
Арно ама, секогаш има по некој пес скитник, кој е лојален заштитник на стадото, а не на пастирот!
Непрокопсани, чувајте се од тој пес, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ