Гоце Делчев во сенката на Цар Борис Трети: Каква симболика има 7 октомври и зошто клубот се отвора токму на тој ден?
Во политиката немало случајности, ниту пак ќе има. Исто како што не е случајно отворањето на новиот бугарски центар „Цар Борис Трети“ на т.н. македонски Бугари токму на 7 октомври, само четири дена пред чествувањето на 11 Октомври, Денот на востанито на македонскиот народ против бугарската, германската и италијанската наци-фашистичка окупација на Вардарска Македонија, анализира Пресинг ТВ.
Ваквиот потег на т.н. македонски Бугари и на филантропот Милан Врабевски, зад кои несомнено стои официјалната бугарска политика кон Република Македонија, има повеќе значења. Тоа е истиот Врабевски, кој стои и зад клубот „Иван Ванчо Михајлов“ во Битола, зад бесплатното школување на децата на неговите членови во Бугарија, зад реставрацијата на воените гробишта во струмичко Ново Село, зад „бесплатното“ вакцинирање со „фајзер“ за македонските граѓани во неговите болници во Бугарија…, стои во текстот на Пресинг ТВ објавен во пресрет на 7 октомври.
На прво место ја исфрла на површина немоќта на македонските власти да се справат со настанатата ситуација. И тука може дури и да се полемизира дали станува збор за немоќ или за свесно и намерно отворено кокетирање со македонскиот неоврховизам и бугарскиот неофашизам! Зашто, ако власта на СДСМ и ДУИ навистина сакаше решение за отворањето бугарски клубови со неприфатливи имиња, до сега ќе го најдеше, а бегајќи од тоа остава широк простор за сомнеж за постоење „непринципиелна албанско-бугарска коалиција“, што би рекол Васил Циле Тупурковски, на сметка на Македонците. Дотолку повеќе, што молчењето значи одобрување, а „оставањето на историјата на историчарите“ само гола фраза и ништо повеќе од тоа.
Да биде парадоксот поголем, правдањето со, исто така фразата „нова провокација“ веќе не држи вода. Може еднаш да биде провокација, двапати намера, а третпат веќе е тенденција и зацртана бугарска национал-шовинистичка политика.
Второто значење на 7 октомври и отворањето на здружението „Цар Борис Трети“ е во тоа што токму на тој ден 1946 година од Софија за Скопје тргна траорната поворка со која започна префрлањето на моштите на македонскиот револуционер Гоце Делчев, согласно неговиот завет дека сака да почива во столицата на слободна Македонија. Ден пртходно, пак, бил потпишан македонско-бугарскиот протокол за самиот чин.
„…Вчера во Софија стана свечено предавање на моштите на Гоце Делчев од Илинденската организација на делегацијата на НРМ. Моштите на Гоце Делчев досега се чуваа во просториите на Илинднската организација во Софија, со завет да бидат предадени на првата народна влада на Македонија. Сега, кога идалот на Гоце е остварен, кога македонскиот народ е слободен и има своја вистинска народна влада, Илинденската организација во Народна Република Бугарија реши да ги предаде моштите на голмиот револуционер, син на македонскиот народ, за да се чуваат во слободната столица на Македонија-Скопје.
Во специјален саркофаг моштите на великиот син на нашиот народ беа изложени на сенародно поклонение во салата на Македонскиот дом во Софија. Пред саркофагот, покрај кој стоеја четири борци на Југословенската армија и младинци Македонци-емигранти, вчера се поклонија и положија венец делегатите од Македонското братство во Бугарија како и над 5.000 македонски емигранти кои живат во Софија. Меѓу многубројните организации и лица, венци положија и Илинденската организација, Македонскиот национален комитет, делегацијата од Пиринска Македонија, од Бугарската народна армија, од ЦК БРП, од Бугарскиот земјоделски национален сојуз, роднините на Гоце Делчев, смејството на Христо Смирненски и многу други…
…Потоа со траурна почит саркофагот беше пренесен во Народниот театар каде се изврши свечното предавање на моштите…Во 17 часот почна свечената академија…Од името на Комитетот за предавање на моштите, академијата ј отвори Михаил Сматракалев, претседател на Градскиот комитет на Македонското братство во Софија. По избирањето на почесно претседателство, за животот и делото на Гоце Делчев зборуваше академик Тодор Павлов (родум од Штип, претседател на БАН н.з.) често прекинуван со долги аплаузи.
По него Стефан Аврамов, претседател на Илинденската емиграција и на Комитетот за предавање на земните останки, изнесувајќи накратко како Илинденската организација ги запазила моштите на Гоце Делчев, давајќи завет дека ќе ги предаде на првата македонска народна влада, предложи да се состави протокол за нивното предавање на делегацијата ополномоштена од владата на НРМ. Предлогот беше примен и потпишан од делегацијата на НРМ и претставниците на Комитетот. Од нашата делегација потпишаа Кирил Петрушев, Лазар Танев и Д. Бојановски. Потпишувањето на протоколот присутните го следеа со стоење, и потоа го поздравија со аплауз и извици. Предавајќи го саркофагот, Стефан Аврамов ја истакна радоста на Илинденската организација дека земните останки на незаборавниот учител и борец ќе бидат поставени во македонскиот Пантеон на вечно чување од младите орли на Република Македонија. Примајќи го саркофагот, одговори водачот на делегацијата на НРМ, Киро Петрушев…“.
Само за потсетување, кога почна со работа заедничката македонско-бугарска комисија за историски и за прашања за учебниците, нашата страна предложи токму на 7 октомври заеднички да се чествува Гоце Делчев. Но, бугарската страна тоа веднаш го отфрли.
-Нема Бугарин кој би го чествувал Гоце Делчев на 7 октомври, изјави на 10 јуни 2019 година тогашната бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по срдбата со својот тогашен македонски колега, Никола Димитров, во Софија.
Значи, една од целите за одредувањето на 7 октомври како ден за свечено отворање на здружението „Цар Борис Трети“ е целосно дезавуирање на предавањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје, минимизирање и ставање на неговиот лик и дело во сенка на бугарскиот Цар.
И тука се доаѓа до клучниот момент. Зашто, токму ликот и делото на Гоце Делчев и неговите идеали служат како инспирација за вооружениот отпор на партизанските единици во Вардарска Македонија за време на Втората светска војна. Минимизирањето на Делчев и ставањето на Царот Борис Трети „ослободителот“ во центарот на вниманието значи и минимизирање на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ. А, минимизирањето на Денот на востанието значи и минимизирање на антифашизмот и антифашистичката борба на Македонците, со што се доаѓа до целосно прифаќање на бугарскиот историски наратив дека Бугарите биле ослободители на овие простори, додека партизаните, односно „шумкарите“, да не речеме комунистите, биле само една страна во „бугарската граѓанска војна“!
Со други зборови, вооружената бугарска наци-фашистичка окупација во периодот од 1941-1944 година, со отворањето на бугарските клубови и здруженија со имиња на најблиски наци-фашистички соработници претставува еден вид втора, овојпат чисто политичка бугарска окупација на Република Македонија! Што секако нема никаква врска ни со човекови права и слободи, ни со европски вредности, ни со добрососедство и пријателство. Напротив, ова значи дефинитивно обзнанување на бугарската наци-фашистичка реокупација на Република Македонија!!!
А, со молчење, со не преземање никакви чекори и мерки, со подвиткување на опашката, актуелната власт на СДСМ и ДУИ дефинитивно се претвора во квислиншка, му се допаѓало тоа некому или не!!!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици борци на Вагнер пристигнаа во Централноафриканската…
Неколку стотици искусни борци на руската паравоена…