Се сретнаа првите дами на Турција и Украина: Заедно ќе ги залечиме раните на украинскиот народ
Турската прва дама Емине Ердоган во Истанбул ја пречека сопругата на претседателот на Украина Олена Зеленска, јави турската приватна телевизија НТВ, цитирана од БТА.
За време на нивната средба, Зеленска ѝ кажала на турската прва дама за последните настани во Украина, како и за активностите на фондацијата што го носи нејзиното име. Таа на Емине Ердоган ѝ врачи благодарница од нејзиниот сопруг Володимир Зеленски за поддршката дадена на Украина.
Украинската прва дама го изрази своето задоволство од приемот на 1.300 украински деца без семејства од страна на Турција и побара помош за евакуација и носење во Турција околу 200 деца со посебни потреби.
Зеленска го истакна и придонесот на турскиот претседател за обезбедување поморски коридор за извоз на украинско жито и спречување на глобална прехранбена криза.
„Среќна сум што во Истанбул ја пречекав сопругата на шефот на украинската држава, мојата драга пријателка г-ѓа Олена Зеленска. Верувам дека заедно ќе ги залечиме раните на украинскиот народ, особено на жените и децата кои се жртви на Турција ќе ја продолжи дипломатската борба за воспоставување мир во секоја сфера, како што тоа го прави од почетокот“, напиша сопругата на Реџеп Таип Ердоган на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…