Половина Скопје без струја поради дефект на трафостаница

t

Половина Скопје утрово пред 9 часот остана без струја поради голем дефект на 110 киловолотна станица – Запад на ЕВН. Без струја околу еден час останаа граѓаните од Општина Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

Екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен за да го санираат дефектот.

Прекинот на струја предизвика проблеми во сообраќајот и сообраќајната сигнализација.

Без струја се пумпите во селата Рашче и Кондово и бунарите во Лепенец и Нерези поради дефект на ЕВН АД Скопје. Поради овој прекин во снабдувањето со електрична енергија во некои делови од градот водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето ќе се нормализира по саницијата на дефектот од страна на ЕВН АД Скопје. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…