Суден за вистината: Jaвна седница на Апелациониот суд за пресудата за уредникот на Инфомакс, Александар Митовски!

t

Денес Апелациониот суд ќе одлучува по однос на пресудата против Уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.

Митовски беше осуден за објавен текст кој беше клучен за разоткривање на аферата Рекет, Рекет 2 и Меѓународен сојуз, по објавувањето на текстот на Инфомакс, екс-шефицата на Специјалното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал беше осудена на 7 години затвор, а СЈО престана да постои.

Во текстот беа наведени сериозни индиции за инволвираност на политичкиот и државниот врв во аферата Рекет, сите постапки завршија со правосилни пресуди.

Главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски од страна на судијката Љубинка Башевска беше осуден на шест месеци затвор условно како обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.

Митовски е осуден во рок од 15 минути без да му биде овозможено право на одбрана.

Апелација веќе еднаш пресуди во корист на Митовски по што предметот беше вратен на повторно судење.

Башевска во повторената постапка не ја промени пресудата иако немаше нови докази и повторно му го оневозможи со Устав загарантираното право на Митовски на одбрана.

Денеска Апелација по жалба на Митовски на јавна седница треба повторно да одлучува за оваа срамна пресуда за која пристигна осуда и од американскиот Стејт Депатрмент.

Извештајот на Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Македонија за 2020 година наведува дека Владата гонела новинари затоа што објавиле доверливи податоци за скандалот Рекет и за други случаи во кој што е наведен токму процесот против Александар Митовски од Инфомакс.

– Во текот на годината, Владата гонеше новинари поради објавување на доверливи документи. На 4 март, скопскиот Кривичен суд го осуди новинарот Александар Митовски на шест месеци условна затворска казна поради објавување на доверливи документи поврзани со случајот Рекет. Во неговиот портал Инфомакс тој ја објави првата страница од изјава дадена од сведок во август 2019 година, пишува во извештајот.

Ова судење не е ништо сем фарса и обид на македонското правосудство да стигне до свиркачот, односно оној кој што ги изнел документите.

Митовски по ниту еден основ не може да биде гонеу за оддавање на службена тајна имајќи во предвид дека тој не е службено лице. Само службено лице може да оддаде службена тајна, односно лицето кое ги доставило до медиумот (јавноста) документите е лицето кое оддава службена тајна.

На судењето е доставено едно и едниствено барање до Митовски, а тоа е да го открие свиркачот иако согласно Законот за укажувачи, Митовски го има секое право да го заштити идентитетот на укажувачот. Митовски во повеќе наврати истакна дека никогаш нема да открие идентитет на свиркач.

Доколку Апелација ја потврди пресудата ова претставува опасен преседан во македонското правосудство, преседан кој ќе значи ограничување на правото на слобода на говор и сериозно ќе ги загрози медиумските слободи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…