Објавено на:

На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани за десет години!

t

Според податоците од последниот попис, за десет години на Бугарија и “снема” 844.781 државјанин.

Податоците се однесуваат на периодот од 2011 до 2021 година. Ова е најголемиот колапс на бројот на жителите во Бугарија досега.

ГЛАВНИ ИНДИКАТОРИ

Населението на земјата на 7 септември 2021 година е вкупно 6.519.789. Има 3.383.527 (51,9%) жени, а мажите се 3.136.262 (48,1%). Има 927 мажи на 1000 жени.

Во периодот меѓу последните два пописи, населението во земјата се намалило за 844.781 лице или за 11,5%. Резултатите покажуваат дека просечната годишна стапка на пад годишно се зголемила од 0,7 во периодот од 2001 до 2011 година на 1,2 во периодот од 2011 до 2021 година, велат статистичарите.

59,3% од вкупното население се должи на негативниот природен прираст кој изнесува 501.000 лица. Ова е разликата помеѓу раѓањата и смртните случаи. Природниот прираст за сите години од периодот помеѓу пописите 2011 и 2021 година е негативен, со најголемо намалување на населението во 2021 година (минус 90.317 лица).

Останатите 40,7% од намалувањето се должи на за нас повидливиот дел од овој колапс – надворешната миграција. Во периодот 2011 – 2021 година, земјата ја напуштиле 344.000 луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…