Официјално: Думата гласаше ЗА влегување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во Руската Федерација!

Руската Државна Дума предмалку изгласа ратификација на договорите за влегување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во составот на Руската Федерација како нови ентитети во Федерацијата.
Претходно во четирите, сега веќе поранешни, украински региони беа спроведени референдуми во периодот од 23 до 27 септември на кои со над 90% населението одлучи дека сака да стане дел од Русија.
Неколку денови по референдумите, рускиот претседател Владимир Путин на официјална церемонија во Кремљ ги потпиша договорите со лидерите на четирите региони, за стапување во Руската Федерација, а се чекаше само одобрувањето од Државната Дума.
Западот, Европската Унија и Македонија ја осудија анексијата на четирите региони од страна на Русија.
Дополнително, Дмитриј Медведев изјаи дека по ваквиот чин напад на регионит ќе се смета за напад на суверена територија на Русија и дека државата ќе одговори со сиот потенцијал за заштита на новите ентитети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…