Објавено на:

,,САД СО СОЈУЗИНИЦИТЕ ќе ја уништат Русија ако употреби нуклеарно оружје”

t

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опрема во Украина и ќе ја потопат нејзината црноморска флота доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби нуклеарно оружје во таа земја, предупреди поранешниот директор на ЦИА, пензионираниот армиски генерал Дејвид Петреус.

Петреус изјави за ABC News дека не разговарал со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан за веројатниот одговор на САД на нуклеарната ескалација од Русија, за која претставниците на американската администрација велат дека во повеќе наврати ѝ бил пренесен на Москва.

„Хипотетички, би реагирале со колективен одговор на НАТО, кој би ги уништил сите руски конвенционални сили кои можеме да ги видиме и идентификуваме на бојното поле во Украина и Крим, како и секој брод во Црното Море“, рече Петреус.

Тој исто така тврди дека Путин „губи“, и покрај „значајните“, но „очајни“ потези во војната која започна на 24 февруари.

Тој исто така вели дека Украина и претседателот Зеленски и Украина ги мобилизирале силите подобро од Русите.

„Ниту една анексија, дури ни нуклеарните закани не можат да го извлечат Путин од оваа ситуација“, заклучува Петреус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

(Видео) Маж се обиде да го погоди…

Непријатен инцидент се случил за време на…

Трамп за инцидентот кај американската база во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

Вучиќ поднесе оставка

Александар Вучиќ вечерва ја соопшти својата оставка…