Добро утро со Инфомакс: Во моите сеќавања легенди живи, на мотиви мили, Егејски
Васко Караџа е роден на 21 мај 1923 година во село Д’мбени, Костурско. Своите први песни ги напишал во 1943 година. Во 1960 во Ташкент излезе неговата прва збирка песни „Стихови“ и првиот грчки превод на Рациновите „Бели Мугри“.
Во 1984 година во Атина излезе на грчки јазик во сопствен превод поетската збирка „Миросувањето на вечноста“, а во 1986-та во Скопје збирката „Со Егејски мотиви“ и во 1993-та збирката „Со Д’мбени во срцето“, како двојазично издание на македонски и англиски.
Караџа посветува дел од неговата поезија на децата и останатите бегалци од Егејска Македонија и на неговиот роден крај.
Добро утро Македонци, уживајте во „Сонет за скрбта“.
Сонет за скрбта – Васко Караџа
Лисја што лудиот ги завеал ветер,
Онемен камен во понор на болка,
Облак што лета во туѓиот етер,
Солзи што лее и вечно што талка –
Тоа е човекот бегалец тажен
Секогаш в срце тој скрбта ја носи,
Знак на олелија – светот наш лажен,
Непребол вечен, ах срце му коси.
Патопис, ах ако можеше некој
За оваа да напише тажна историја –
Фар тој ќе запали в светот за секој.
Секој за драмата сè нека знае,
Жестока тоа е дискриминација
За искорнатите – неправда зјае.
Разбранети сртови далечни
Разбранети сртови далечни
Треперат во бескјрајот син
Небаре бранови пенливи
Во синевината прозрачна се креваат
– Тоа гривите свои ги нацртале
Планините високи вити
Во длабочината небесна
Величави вечни
Ах како се врежани во мене
тие сртови безбројни
Разбранети разиграни
Во моите сеќавања
И сказни ми шепотат тие
И легенди живи
На мотиви мили
Егејски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…