Левица излегува на улица: Протести против отворањето на клубот „Цар Борис Трети“!
Левица- Охрид повикува на протест поради отворањето на, како што се вели во партиското соопштение, контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“.
– Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза! Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата! На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11:30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.
Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото! Не за бугарскиот Хитлер!, се вели во партиското соопштение на Левица- Охрид, од каде уште велат дека најстрого го осудуваат отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во македонските затвори се магистрира и дипломира…
Адвокатот Драган Пешевски со став дека затворскиот…
Пријавиле индустриска, а увезувале нејодирана сол: Царината…
Царинските службеници спречиле обид за нелегален увоз…
Пронајден кокаин во простории на 47-годишник од…
Вчера, полициски службеници од ОВР Струга го…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Ја запалил колата на мајка си, па…
28-годишен скопјанец е приведен откако, според сомневањата…