Ахмети денеска на средба со фракцијата од ДУИ

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска ќе има нова средба со т.н Огнена група која иницираше реформи во партијата, брифираат партиски членови од Тетово. Средбата треба да се одржи со почеток во 12 часот во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица.

-Се очекува на средбата да дојдат дел од главните иницијатори како Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и други, брифираат од ДУИ.

Ова е втора ваква средба откако во четвртокот, на 29 септември, Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај, а меѓу нив беа и Изет Меџити и Блерим Беџети.

На 24 септември медиумите првпат го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „Огнена група“, до раководството на партијата, побараа да запре „војната“ во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност.

Меѓу потписниците на тоа писмо се Изет Меџити, пратеник и потпретседател на ДУИ, Блерим Беџети актуелен градоначалник на Сарај, Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику пратеничка, Невзат Бејта поранешен министер и градоначалник на Гостивар, Муса Џафери поранешен вицепремиер како и актуелниот заменик-министер за одбрана, Башким Хасани. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…