Добро утро со Инфомакс: Во тебе беа границите на Целокупна Македонија и јас дури те љубев, ја љубев сета татковина

t

Петре М. Андреевски е еден од најголемите, ненадминат македонски поет кој неизмерната љубов и кон саканата и кон Македонија ги преточил во маестрална поезија и проза.

Совршени чувства, со совршен избор на зборови создадоа ненадминати дела за македонската литература.
Добро утро Македонци, ужувајте во “Второ писмо” (Од циклусот Пет љубовни писма) на Петре Мито Андреевски:

Паметувам:
тебе ти прилегаше сè, како и на силот и смилот
што ме потчинуваа однадвор, а ме храбреа однатре.
Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток,
ти беше сè што му недостасуваше на светот,
ти беше и моето незавршено минато
и затоа јас те чував и прашував за тебе.

Молњата што минува низ тебе во мене се одразува
и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш.
Јас сум твој роб за да ја прославам слободата
и тие летни жеги околу твојот појас
и тие ладни меани во твоите пазуви
и тие кавги на ветровите пред твоите поли
и моето време што беше во твоето.

Паметувам:
што читаше дури читаше и што – кога не читаше,
како легнуваше навечер, како се проѕеваше наутро
и како денот го продолжуваше со својата насмевка,
возбудлива ко квечерина во отворена калинка.
Во тебе беа границите на Целокупна Македонија
и јас дури те љубев, ја љубев сета татковина.

Ти стигнуваше пред твоето тело, пред твојот глас
во кого ме допираа недопрени води.
Ти беше мојот Тримир и мојот Светилеб
и моето прогонство беше за да бидат целосни
твојата волја, а мојата неволја.
На дното од морињата, на врвот од копната
ти секаде прва: и пред зракот и сред мракот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…