Хрватскиот селектор испешачи 120 километри за да се поклони пред мајка Богородица

t

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, доцна синоќа го заврши три дена долгото патешествие од родниот град Ливно до Меѓугорје во БиХ, во кое заедно со тројца пријатели испешачи 120 километри со цел да се поклони пред статуата на мајка Богородица.

Тој крајот на својот пат го објави на Инстаграм, каде што веднаш доби илјадници допаѓања и стотици коментари со честитки, а меѓу првите беше поранешниот репрезентативец на „коцкестите“, Иван Класниќ.

Далиќ е првиот хрватски „изборник“ кој ја одвел оваа селекција на три големи натпреварувања. На овој пат тој тргна набрзо откако на „коцкестите“ им го донесе првиот пласман на фајналфор-турнирот во Лигата на нации.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пад на светските берзи: Нафтата и…

Светските берзи се соочуваат со нов притисок…

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред…

Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални…

​Уставните измени секогаш ќе не потсетуваат на…

Американски банки откриле непроверени ВИ-агенти во сметките…

Големи американски банки откриле активности на надворешни…

Британците повикани да подготват резерви за три…

Британските домаќинства се повикани да обезбедат основни…