Објавено на:

ЕУ: Србија да објасни зошто не воведува санкции за Русија!

t

Неименуван висок претставник на Европска комисија, порача дека се очекува Србија на првиот состанок на европската политичка заедница во Прага да им објасни на лидерите на Европска Унија и на другите земји зошто не воведува санкции кон Русија иако преговара за членство во ЕУ.

Тој истакна дека не е планирана посебна дискусија за ставовите на Србија за воведување на санкциите против Русија, но потенцира оти некои земји-членки на ЕУ му придаваат значење, „иако Белград нема да биде ставен на обвинителна клупа на состанокот“.

Изворот од Брисел повтори дека ставот на Унијата е дека Европската политичка заедница нема и не може да биде замена за процесот на проширување на ЕУ, бидејќи тоа е сосема поинаква процедура.

Според неговото објаснување, практично сите земји од ЕУ вовеле санкции кон Русија, но има земји што тоа не го направиле во целост. Поголемиот број земји-членки бараат сите членки на ЕУ да воведат санкции кон Русија, вклучително и земјите кои преговараат членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…