Објавено на:

Путин го унапреди Кадиров во генерал-полковник

t

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров од денеска има чин генерал-полковник. За ова лично го информирал рускиот претседател Владимир Путин, објави Кадиров на својот официјален канал на Телеграм.

„Претседателот на Русија ми го додели чинот генерал-полковник и лично Владимир Владимирович ме информираше за тоа и ми честиташе. Неизмерно сум му благодарен на нашиот врховен командант што ги цени моите заслуги“, напиша Кадиров.
Лидерот на Чеченија рече дека ова е голема чест за него.

Ветувам дека однапред ќе ја оправдам укажаната доверба“, напиша Кадиров.

Кадиров беше и шеф на службата за безбедност во Чеченија. Од 2007 година ја извршува функцијата претседател на оваа Република, дел од Руската Федерација. Вршејќи должности во армијата и разузнавачките служби, се здобил со чин генерал-полковник.
За време на војната во Украина, за време на битката за Мариупол каде тој лично ги надгледуваше чеченските трупи, на 28 март 2022 година, Путин му додели чин генерал-полковник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна Рамазанскиот пост за верниците од исламска…

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…